Анадолу Ефес го елиминира Реал Мадрид и обезбеди пласман на фајнлфорот

Турски Анадолу Ефес е вториот учесник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига откако во мајсторката во петтиот меч од четвртфиналната пресметка со Реал Мадрид го победи „кралскиот клуб“ со 88-83 и така обезбеди учество на завршницата во „Ланксенс Арената“ во Келн.

Ефес во исклучително драматична завршница успеа да победи, иако Реал Мадрид добро се држеше за разлика од претходните гостувања во Истанбул, но и покрај водството, на кракот „кралевите“ истото не можеа да го задржат за да победат во мајсторката, а немаа решение за Сингелтон, кој беше прв стрелец на мечот.

Сингелтон даде 26 поени со осум скока, додека Србинот Мициќ погоди 18 поени, а Крунослав Симон додаде 17 поени. Кај Реал, Лапровитола имаше 17 поени, Томпкинс даде 12, а Керол и Љуљ по 10 поени.

Ефес е вториот клуб кој има учество на фајнлфорот во Европлигата по московска ЦСКА, додека последните два патника ќе бидат познати по мечевите Барселона – Зенит и Милано – Баерн, кои се во тек, а се играат петтите мечеви.