Американски кошаркар излажал колку е висок, па експресно добил отказ!

Урнебес со ангажман на американски кошаркар се случил во францускиот клуб Шорал Роан, откако овој клуб објавил дека се договорил со Џамар Акох, кој бил крилен центар.

Арно ама, трансферот нема да се реализира, од причина шо по доаѓањето на Акох – тој експресно добил отказ! Причината е што Американецот со нигериско потекло ги излажал сите со својата висина.

Кошаркарот кога пристигнал на подготовките за својот тим веднаш бил измерен и било констатирано дека е висок 197 сантиметри. А, тој пријавил дека е 203 сантиметри и во клубот очекувале дека ќе добијат вистинско крило.

Сега Американецот ќе мора да си најде нов клуб.