Американец бесен на грчки клуб: Среде пандемија никој не ми се јавува, а ни пари не ми дадоа!?

Американскиот кошаркар Девин Свитни (32) разочаран, бесен и безмалку во солзи го раскажа пеколниот неколкудневен период коронавирусот зема голем замав низ Европа, откако се појави во Италија, па го раскажа сиот ужас со кој се соочил во Грција каде играл за Паниониос.

Свитни најави тужба кон Паниониос во ФИБА за да си ги добие парите, после мизерниот начин на однос на управата на клубот кон него во најтешкиот период, кога не знаел воопшто што да прави, па Девин решил сам да си плати авионски билет и да се врати во САД.

„Јас сакав до крај да останам таму, иако ми доцнат со платите и премиите веќе два месеци, но знав дека има Американци кои се во уште полоша ситуација од мене. Но, иако бев решен да останам, газдата и спортскиот директор не сакаа да ми кренат телефон и тоа во ек кога пандемијата со коронавирус зема замав. Не беше проблемот во парите, туку во безбедноста. Јас уживав играјќи во Грција, ама таму имав срамен третман“, почнува со сведоштвото Сввитни.

Посочува дека не му било јасно како да остане во Грција, па и да се соочи со карантин, ама без пари.

„Не ми паѓаше на памет да останам заробен во Грција, а да немам пари за основни потреби. Да не можам два месеци најмалку да си заминам. Два дена никој не ми се јавуваше ни да праша како сум. И тоа во ек на најголемата светска криза. А до претходно со управата имавме секојдневна комуникација, сосема нормална, иако имаше долгови. Срамотно е такво однесување, тие требаше да се грижат за нашата безбедност. Кога видов дека нема абер, си купив карта и си заминав, резервирав лет во понеделникот и во вторникот наутро заминав. И на крај, откако среде пандемија ме игнорираа, на крај се налутија зошто сум си отишол?! Во ек кога сите Американци си заминаа, јас останав, а тие не сакаа ни да се јават кога сериозно се влоши ситуацијата со Ковид-19. Ако немаа пари требаше да кажат, не сум јас нивен роб. Барем да кренеа телефон среде глобална криза“, додава Девин.