За навивачите на Партизан по 500 денари, а за тие на МЗТ – скоро двојно помалку (ФОТО)

Управата на МЗТ Скопје денеска ги пушти во продажба билетите за првиот домашен меч сезонава во АБА и тоа против евролигашот Партизан со големиот Жељко Обрадовиќ, а чија цена зависи од тоа дали тие што ќе ги купат навиваат за гостинскиот тим или, пак, се навивачи и симпатизери на „металците“.

Фановите на црно-белите, без разлика дали се од Србија или се локални, за влез во „Јане Сандански“ ќе треба да платат 500 денари и ќе мора да се сместат само на дел од трибините кои се лево од главниот влез во арената. За нив се предвидени четири погорни блокови и еден од тие до теренот, напомена ако купат билет за друг дел од салата и ако почнат да навиваат за Партизан веднаш ќе бидат исфрлени од салата.

За останатите кошаркарски вљубеници и домашни фанови билетите ќе чинат 400 и 300 денари. Средбата се игра в понеделник во помалку чуден термин за работен ден односно од 16 часот, поради што аеродромци денеска имаа посебно соопштение со кое ги објаснија причините за тоа.