Вицешампионот и без половина тим пресилен за Гостивар!

Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до втората по ред победа во претсезоната во пресметките со Гостивар, откако по неодамнешниот триумф кај противникот вечерва славеа и во дуелот на домашен терен со 81-68.

Вицешампионот и на овој меч настапи без квартетот репрезентативци Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Љубомир Младеновски и Андреј Магдевски како и без повредениот Иве Иванов, но и покрај тоа немаше проблеми да го совладаа амбициозниот прволигаш. Сино-белите водеа во текот на целиот меч, а единствено што сторија гостите е што поведоа со 3-0 по првиот напад на средбата.

Лестер Медфорд со 24 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, додека Џејмс Вудард и Андрија Бојиќ постигнаа по 19 поени. Кај гостиварци најпрецизни беа Американецот Фристингер и Ренато Димитриевски со по 14 поени, додека Ивица Димчевски постигна 13 поени.