Кошаркарите на МЗТ Скопје лесно и убедливо го совладаа Левски Лукоил (94-74) во вечерашниот прв од двата предвидени пријателски меча во „Јане Сандански“, пред се пордаи фантастичната игра во првото полувреме во кое дојдоа и до огромни плус 21 разлика (36-15).

Бесот поради големата негатива, тренерот на бугарскиот тим го насочи кон македонските судии, со кои често влегуваше во кавга, која според кажаното делуваше како расчистување стари сметки. Вербалниот дуел најчесто беше со Игор Митровски, но од негтовите пцовки не беа поштедени ниту Зоран Митровски и Александар Павлов, тројцата меѓународни судии со знакот на ФИБА.

Судијата И. Митровски најверојатно делел правда на некој европски меч на составот од Софија, кој завршил лошо по нив, па контроверзниот Папазов ја искористи шансата да му каже што има за време на вечерашниот дуел, за што доби техничка грешка, како и опомена пред исклучување.