„Трејд“ во НБА-стил: Куманово и Академија ФМП си ги заменија – тренерите!

Можеби првпат во поновата историја на македонската кошарка, две прволигашки екипи во два дена ги промовираа своите нови тренери, а кои во минатата сезона седеле на клупата на другиот тим.

Така, Академија ФМП вчера објави дека нов тренер на екипата ќе биде Александар Петровиќ, доскорешен стратег на Куманово, додека денеска кумановци ја официјализираа соработката со Владимир Мирковски, кој до прекинот на минатиот шампионат седеше на клупата токму на „академците“ од Кисела Вода.

Петровиќ е со големо искуство во тренерската професија, а јавноста најмногу по знае по повеќегодишното предводење на МЗТ Скопје пред една деценија и тоа во најтешките моменти на сега седукратен шампион. Тој беше и селектор на јуниорската репрезентација, а во таборот на ФМП заминува со желба да го застане на нозе и од овој клуб, кој беше дебитант минатата сезона, да направи стабилен прволигаш.

Мирковски, пак, е далеку помлад тренер, кој првите сениорскичекори ги направи на клупата на некогашниот прволигаш Бест од Гевгелија. Тој беше помошник во стручниот штаб на МЗТ Скопје, а потоа пет години работеше во Кина.