Термин за ранобудните: Битолчани од спиење директно на – кошарка!

Настапот на турнирот од АБА2-лигата на Златибор е причината поради која Пелистер мечот од 3. коло од Првата лига против Феникс ќе го одигра денеска, додека обврските на Еурофарм Пелистер во истата сала во ракометната Европска лига ги примора кошаркарите на двата тима да го одиграа мечот кој се одигра најрано во прволигашката историја.

Средбата во салата „Боро Чурлевски“ е закажана за во 11.30 часот, што значи дека спортските вљубеници од овој град веднаш по будењето и пиењето на утринското кафе ќе можат да заминат в сала за да го проследат настапот на своите миленици во крајно невообичаеното (пред)матине.

Пелистерци во средбата влегуваат како огромни фаворити и сите очекувања се дека по завршувањето на дуелот ќе им се приклучат на Работнички и на ТФТ на врвот од табелата без ниту еден пораз.