Талентираниот Маслинко експлодира: МЗТ Скопје лесно ги среди „соколите“ од Карпош!

Очекувано лесно и без поголеми проблеми, кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до триумф во вечерашниот меч против Карпош Соколи (101-60), во последниот дуел од 12. коло од Првата лига.

Финансиската криза донесе до распаѓање на оној силен состав на „соколите“, кој минатата сезона дојде до финалето од плејофот и го освои куп-трофејот, поради што оваа средба беше само формалност со однапред познат победник.

Експлодира младиот Андреј Маслинко, кој ја искористи шансата и средбата ја заврши со 34 поени и 12 скока, додека Бојан Трајковски постигна 18 поени додека младиот Андреј Настовски реализира 10 поени. Лука Петровски со 16 и Андреј Атанасов со 15 поени.

Денеска се одигра и првиот меч од 13. коло во кој Работнички без поголеми проблеми, како гостин, го совлада Фени индустри (74-55).

ТАБЕЛА: Работнички 13-0, Блокотехна 10-2, МЗТ Скопје 9-3, Гостивар 8-4, Куманово 7-5, Фени И. 6-7, АВ Охрид 6-6, Карпош Соколи 5-7, Пелистер 3-9, Кожув 3-9, Шкупи 2-10, Струмица 1-11.