Роналдо ја пропушта и турнејата на Манчестер Јунајтед во Тајланд!

Кристијано Роналдо покрај тоа што ги пропушти сите тренинзи на Манчестер Јунајтед од почетокот на подготовките за следланата сезона, тој нема да биде дел од „ѓаволите“ на турнејата во Тајланд, на која неговите соиграчи ќе тргнат утре.

Наводно, сето ова се случува поради барањето на Португалецот за дополнително слободно време за да реши одредени семејни проблеми, па ова е објаснувањето и за неговото не патување во Банкок. Но, ретко кој верува на оваа верзија, бидејќи веќе е јавна тајна дека Роналдо сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Главна причина за ваквата желба е отсуството на амбиции кои би ги задоволиле победничките апетити на португалскиот ас.