Работнички со шест играчи го освои Кавадарци, Гостивар го искачи Пелистер

Во пресрет на стартот на новата кошаркарска сезона на 5 октомври, прволигашите ја темпираат формата со меѓусебни пријателски натпревари. 

Најтрофејниот македонски клуб Работнички го совлада тимот на Еуроникел со 105-96. „Центарци“ играа со лиминитиран состав, односно со само шест играчи во ротација, но сепак дојдоа до триумф.

Следен противник на Работнички ќе биде Пелистер, кој пак денеска загуби од Гостивар. Гостиварци славеа во Битола со 94-84.