Кошаркарите на Работнички вечерва го играат мечот од 14. коло од Првата лига и тоа на домашен терен против Академија ФМП, што е прв дуел за овој клуб по трагичната загуба на својата најголема играчка легенда, Благоја Георгиевски, кој пред три дена загина во сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

уларниот Буштур, со кого се простија со минута молчење пред почетокот на натпреварот. Синоќа, пак, управата на најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас објави дека го повлекува во употреба дресот со број 13, кој беше сопственост на Георгиевски за време на целата негова кариера во Работнички. Поради тоа, репрезентативниот центар Љубомир Младеновски на вечерашниот дуел настапи со бројот 15 на грбот, а така ќе биде и во продолжение на сезоната.

Во останатире средби од 14. рунда, денеска ќе играат уште Еуро Никел и МЗТ Скопје УНИ Банка и Кожув и Гостивар, додека утре ќе се сретнат МЗТ Скопје и Пелистер, односно Вардар и Куманово.