Работнички се засили со плејмејкер од САД кој разигрува, ама и - поентира!

Американецот Дамиер Питс (30 год, 178 см) од денеска е нов кошаркар на екипата на Работнички, која со овој потег само ги потврди амбициите за враќање на шампионскиот пехар во „Градски парк“.

Станува збор за плејмејкер, чија главна карактеристика во играта е исклучителната брзина, но и големиот број постигнати поени, иако игра на позиција од која би требало да ги разигрува останатите. Зад себе има седум сезони во кои игра во европски клубови, а прв му беше исландскиот тим КФИ, каде што беше прв стрелец во лигата со повеќе од 33 поени просечно постигнати на секуј натпревар. Сезоната ја почна во унгарски Шопрони, каде што пред два месеци беше отпуштен поради конфликт со тренерот и претерано забавување на ноќ пред официјален натпревар.

Питс е второто засилување за центарци зимава, откако претходно беше доведен и Марјан Младеновиќ од Куманово.