Работнички се засили со искусен Хрват - миленик на навивачите на Фени!

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на Работнички, продолжува со пополнување на празнините во тимот во пресрет на новата сезона, откако денеска излезе информацијата дека нов член на центарци и искусниот плејмејкер од Хрватска, Карло Враговиќ (31 год, 192 см).

Станува збор за добро познато име во макбаскетот, со оглед што веќе настапуваше во нашата Прва лига и тоа во периодот помеѓу 2014 и 2016 година во дресот на Фени индустри, каде што преку ноќ стана миленик на навивачите на овој клуб. Потоа три години настапуваше во Турција за Бурсаспорт, а минатиот шампионат го носеше дресот на романска Стеауа. Враговиќ во црвено-белите од „Градски парк“ потпишал едногодишен договор, но со можност да си замине на полусезона.

„Презадоволен сум од условите што ми ги понуди Работнички, како и од големите амбиции на клубот во домашното првенство и во АБА2-лигата. Одлично ја познавам македонската кошарка и клубовите против кои ќе играм. Тренер им е Димитар Мираковски, а спортски директор е легендата на македонската кошарка, Марин Докузовски“, изјави Враговиќ за хрватските медиуми.

Хрватот е четвртиот странски кошаркар со кој ќе располага тренерот Мираковски, откако претходно беа потпишани Американците Питс и Вашингтон, како и српскиот интернационалец Стефан Балмазовиќ.