Работнички лесно ја освои Гевгелија, МЗТ Скопје го прегази Вардар!

Работнички се искачи на првото место на табелата во македонската Суперлига по одличниот натпревар во Гевгелија, каде што славеше против екипата на Кожув со 84-73, а во мечот повторно најмногу се покажа Чавдар Костов.

Кожув се покажа како цврст противник во првата четвртина, па Работнички успеа да добие водство од само четири поени (26-22), но сепак до крајот на полувреме го скршија отпорот на противничкиот тим и на пауза заминаа со водство од 57-41.

Во продолжение од средбата Кожув не успеа многу да му се спротистави на фаворитот во средбата, па успеа да намали само на 57-71. А, до крајот на дуелот двете екипи одиграа израмнето и Работнички триумфираше со 84-73.

Најдобар кошаркар кај Работнички во мечот беше Костов со 24 постигнати поени, а кај Кожув најефикасен беше Игор Кесар со 20 поени.

МЗТ Скопје тргна лошо против Вардар, кој имаше водство само по првата четвртина од 23-21, а потоа Аеродромци ги прегазија „црвено-црните“ и славеа со 102-67.

Најдобри во победничкиот тим беа Предраг Самарџиски и Младеновски со по 23 постигнати поени, а кај Вардар се покажа Радос со 13 поени.

Фени Индустри ја запиша осмата победа во сезоната, откако денеска го совлада Шкупи со 101-78 во меч во кој екипата од Кавадарци доминираше од самиот почеток.

Во моментов Работнички е лидер во Суперлигата со 25 бодови, односно 12 победи и еден пораз, додека зад нив е МЗТ со 24 бодови, а трета е Блокотехна со 22 бода, но тие имаат одиграно натпревар помалку.