Работнички ќе игра без публика, Чаир без тренер, касата на КФМ - преполна!

Натпреварите од петтото коло од Првата лига му донесоа голема работа на комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, со оглед што се случија инциденти на два меча кои донесоа суспензија на терен и тренер, а ја преполнија касата на КФМ.

Поради влегување на навивачи на паркетот на полувремето против ТФТ, екипата на Работнички е казнета со играње без публика на еден меч. Згора на тоа, центарци ќе мора да платат 16.000 денари, додека управата на популарната Тафта за одговор на провокацијата со фрлање со пивско шише ќе мора да плати 24.000 денари плус 3.200 денари за техничка грешка.

За бурната реакција и исклучување на средбата против Феникс, тренерот на Чаир 2030, Рамадани, е суспендиран за следните два меча како и службениот претставник на овој тим, Ливерка. Чаирчани згора на тоа ќе треба да уплатат вкупно 83.600 денари во што е вклучена казната за јавно коментирање на судењето.

Останатите прволигаши поради технички грешки и лоши услови во соблекувалната за судиите (Академија ФМП) вкупно ќе треба да уплатат дополнителни 21.000 денари.