Работнички доби друштво: ФИБА го суспендира освојувачот на Купот на Македонија!

Освојувачот на Купот на Македонија во последните две години во женска конкуренција, екипата на Баскет КАМ е вториот македонски тим во историјата кој бил суспендиран од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), по најтрофејниот кај мажите, тимот на Работнички.

Составот од Македонска Каменица од вчера на на „црната листа“ на ФИБА, на која се наоѓаат тимови од целиот свет кои ги немаат целосно исплатено своите кошаркар(к)и и тренери. Засега не е објавена причината за суспензија и името на кошаркарката, која решила да го тужи Баскет КАМ на Арбитражниот суд (ВАТ), но самата појава на името на клубот на списокот суспендирани значи немање можност за регистрација на странски засилувања за следната сезона. Станува збор за екипа која одеднаш блесна во последните неколку години и кој покрај двата куп-трофеи има и една шампионска титула од 2021 година.

Досега, ваква казна од ФИБА поради загубени случаи на БАТ има добиено само Работнички и тоа во наврати. Суспензијата се повлекува дури откако казнетиот клуб го исплати долгувањето или, пак, постигне договор со кошаркар(к)ата за регулирање на обврските на рати. Речиси сите поголеми екипи од регионов во некој момент биле во ваква ситуација, а во моментов убедлива најпроблематична е Цибона, која е суспендирана поради загубени тужби во спорови со дури четворица своите поранешни играчи.