Полна каса на МКФ по дербито: Работнички ќе плати 1.000 евра, пријава за директорот на МЗТ!

Плукањето на актерите на теренот и фрлањето тврди предмети на паркетот на навивачите на овој клуб на неодамнешното дерби со МЗТ Скопје ќе ја чинат управата на Работнички вкупно 60.000 денари (двете ставки по 30.000 денари).

Гостите од „Јане Сандански“, пак, ќе треба да платат 20.000 денари за плаење чадни бомби.

„Во втората четвртина навивачите на МЗТ Скопје А. запалиле димна бомба која влијаела на видливоста во салата. Натпреварот бил прекинат и публиката била опомената. Пред крајот на натпреварот од страна на навивачите на Работнички комплетно скината мрежата по што дошло до плукање на актерите на теренот и фрлање на тврди предмети, ова особено било изразено по завршување на натпреварот. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“, запишале официјалните лица во извештајот за натпреварот во „Градски парк“.

По пријава на претседателот на Судиската комисија, генералниот извршен директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, е предаден на Дисциплинската комисија поради критиките кои ги упатил преку својот профил на „Фејсбук“.