Почина долгогодишниот спортски новинар Милутин Станковиќ

По кусо боледување, денеска, во Скопје, на 60-годишна возраст, почина долгодишниот спортски новинар Милутин Станковиќ.

Тој беше еден од најпознатите новинари чија специјалност беше кошарката, познат по острото перо и извонредните куси коментари во кои беспрекорно ја критикуваше или фалеше состојбата во овој спорт во изминатите неколку децении.

Станковиќ до 2000 година работеше во дневниот весник „Нова Македонија“, по што премина во дневниот весник „Вест“, каде што долги години беше уредник на спортската редакција.

Погребот е утре на градските гробишта во Бутел.