Пелистер не дозволи изненадување од Шкупи во Битола

Пелистер запиша нов триумф во плеј-аутот од Суперлигата, откако на домашен терен славеше со 82-79 против Шкупи.

Пелистер и Шкупи водеа голема борба во текот на мечот, па речиси постојано беше израмнето, откако на полувреме двете екипи заминаа со резултат 42-42.

Битолчани успеаа да стигнат до поголема предност во последната четвртина, кога зголемија на 77-64, но потоа следуваше серија од 10-0 за Шкупи, кој во финишот израмни и на 79-79. Сепак, Пелистер успеа да ја оправда фаворитската улога, па славеше со 82-79.

Најефикасен кај Пелистер беше Арсоски со 15 постигнати поени, а кај Шкупи најдобар беше Стојменов со 21 поен.