Пелистер му даде „фора“ на Феникс, па го спушти на земја!

Кошаркарите на Пелистер остануваат еден од трите тима без пораз во новата сезона, заедно со ТФТ и Работнички, откако во денешното „кино-утро“ без поголеми проблеми го совлада тимот на Феникс (86-74).

Битолчани делуваа поспано на стартот, поради што гостите од Скопје почнаа со двоцифрена предност (21-10), за потоа одново да му се заканат на големиот ривал и со серија 11-0 дојдоа до позитива со која заминаа на одмор (48-45). Тоа, сепак, беше сѐ од Феникс, со оглед што зелено-белите третиот период го почнаа со 13 поени во низа, со што дојдоа до 58-48), предност која ја одржаа до самиот крај.

Хотон со 14 поени беше најефикасен во тимот на Пелистер, каде што го немаше Игор Кесар, Стајиќ додаде 13, а Трајковски 12 поени. Кај Феникс, Кларк беше стрелец на 20 поени, Морган на 15, а Хот на 12.