Олеснување за суспендираните: Одложено колото за да се платат долговите!

Здружението на прволигашите денеска едногласно, барем од деветте клубови кои присуствуваа на собирот, реши да го пролонгира денешното 2. коло од Суперлигата за да им даде неколку дена повеќе на суспендираните клубови да ги платат долговите кон Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Најзасегнати од ова беа екипите на Гостивар и Куманово, кои се двата суперлигашки тима кои не можат да играат сѐ додека не ги подмират обврските во однос на казни, како и на АВ Охрид и Шкупи од Плејаут лигата.

На барање од Работнички, челниците на МКФ, објавија која екипа какви долгови има, потенцирајќи дека Фени своите долгови договорила да ги исплати на рати, а МЗТ Скопје оставил банкарска гаранција за целата сума која ја долгува кон федерацијата. Клубовите решија да поднесат предлог до УО на МКФ долговите да се подмират во четири еднакви рати и тоа по една на крајот од април, мај, јуни и јули.

Денеска требаше да играат Куманово и Гостивар, утре на програмата беше пресметката помеѓу Работнички и Кожув, а в петок ќе играа МЗТ Скопје и Блокотехна.