Новиот прволигаш од Тафталиџе го донесе првиот „кенгур“ во македонската кошарка!

Својата голема амбициозност, новиот прволигаш од Тафталиџе, екипата на ТФТ, ја потврди и со денешното потпишување на третото странско засилување и тоа Лаклан Андерсон (21 год, 206 см), кој воедно ќе биде и првиот Австралиец кој ќе настапи за некој македонски тим.

„Кенгурот“ игра на позицијата силно крило и доаѓа од од САД, каде што настапуваше за Ист Кентаки универзитетот. За Андерсон ова ќе биде прва професионална сезона, а во договор со управата на ТФТ има можност да си го откупи договорот во јануари следната година, во случај да добие понуда од австралиската НБЛ-лига. Во последната сезона во НЦАА-лигата, тој во просек постигнувал седум поени и 4,5 скока по меч.

ТФТ досега договори уште двајца странци, и тоа бекот Тај Харис, кој доаѓа од Академија ФМП, како и Чејс Шелмен, кошаркар кој игра на двете крилни позиции, а кој доаѓа од колеџот Спринг Хил Беџерс.