Нема шега со гевгеличани: Кожув во еден ден потпиша со дури седум кошаркари!

Еден од двата кошаркарски прволигаши од Гевгелија, тимот на Кожув, ептен амбициозно почна со формирањето на тимот за новата сезона, откако денеска објави потпишување односно продолжување на соработката со дури шест кошаркари.

Најважно за гевгеличани секако е останувањето на тандемот од Србија, Миладин Пековиќ и Иван Мишковиќ, кои беа главни носители на играта во минатиот шампионат во кој овој тим иако однапред беше прежален, сепак, не само што лесно опстана туку малку му фалеше да игра во Суперлигата. Екипата се засили и со повратникот од Црна Гора, Александар Радуловиќ, кој пред две години беше дел од тимот на Кожув, а кој доаѓа од францускиот третолигаш Ауроре.

Во составот од Гевгелија остануваат уште и капитенот Апостоли Апостолов, Даниел Нацевски и Борис Шутаров, а нов член на овој тим е талентираниот Блажо Митков. Управата на Кожув со овој потег ја потврди интенцијата на формирање квалитетен тим со проверени странци и претежно домашни играчи од младинскиот погон на клубот.

А, за амбициозноста за следната сезона говорат и информациите дека гевгелискиот состав сериозно размислува да се пријави за настап во БИБЛ-лигата.