НБА „шоу“ на македонски начин: Кога со 210 см. не можеш да забиеш - двапати по ред (ВИДЕО)

Атрактивните забивања, кои со децении наназад се заштитен знак на НБА-лигата, во последно време се нормалност дури и во (пот)просечни лиги како македонската, каде што може да се видат и смешни обиди за вакви завршници, кои потоа завршуваат на сеирџиските страници на социјалните мрежи.

Меѓу таквите се најде и обидот за атракција на 210-сантиметри високиот центар на Работнички, Милош Мацура, кој на неодамнешниот меч против Ангели (86-69), сакаше да поентира прво со цепелин, а потоа и „нормално“, за на крајот да се се задоволи со обично положување.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Искусниот српски интернационалец се најде осамен под противничкиот кош и сакаше да направи атракција за паметење, но наместо во кошот, топката заврши во обрачот, а идентичен беше епилогот и во следниот обид за обично забивање. На крајот, со оглед што доби и трета шанса, по што од табла го реши проблемот и поентира.