Највозрасниот кошаркар реши да се пензионира во дресот на Гостивар!

Кошаркарот со епитетот највозрасен во моментов, Диме Тасовски, последната сезона во кариерата ќе ја одигра во дресот на Гостивар, откако денеска уште еднаш ја продолжи соработката со амбициозниот тим од Западна Македонија.

За него ова ќе биде четврта година како ќе настапува во таборот за гостиварци. Тој во ноември ќе влезе во петтата деценија од својот живот, со што ќе се запише во избраното друштво кошаркари кои настапувале на прволигашка сцена со полни 40 години.

Тасовски уште како тинејџер се појави на терените во Првата лига како играч на Жито Вардар, а потоа настапуваше уште и за Работнички, Струмица, Карпош Соколи, Лирија, Вардар, украинска Политехника и косовска Трепча.

Претходно, нови договори со Гостивар потпишаа и Александар Костоски и Ивица Димчевски, како и Американецот Малколм Армстед и тренерот Марјан Србиновски.