Најлошиот тим во Првата лига во еден ден се засили со тројца нови кошаркари!

Последнопласираниот тим во Првата лига, екипата на Академија ФМП, денеска објави дека во исто време се засилила со тројца кошаркари, меѓу кои двајца интернационалци и еден младински репрезентативец на Македонија.

Станува збор за Виктор Златевски и за Американците Мек Смит и Десмонд Рингер, кои ќе се обидат да му помогнат на тимот да се избори за опстанок во елитата.

„За преостанатиот дел од сезоната нашата екипа ги претставува новите засилувања кои ќе ни помогнат при остбарување на целите за оваа сезона. Златевски доаѓа од екипата на Работнички, за која до претходното коло оваа натпреварувачка сезона. Мек Смит е играч кој ја игра својата прва професионална сезона и ни пристигнува од колеџот Вестерн Мичиген. Десмонд Рингер е последното засилување кое се приклучува на тимот и треба да ја подобри играта под обрачите на нашата екипа“, објави Академија ФМП.

„Студентите“ од Кисела Вода во моментов имаат скор 1-6, колку што има и Струмица, но со нешто подобра разлика.