МЗТ Скопје се засили со ултраталентиран плејмејкер – повратник од Шпанија!

Екипата на МЗТ Скопје продолжи со остварување на намерите за ангажирање сѐ што е квалитетни и талентирано во македонската кошарка, откако денеска го објави потпишувањето договор со еден од најталентираните во макбаскетот, Лука Савичевиќ, кој игра на плејмејкерската позиција.

Станува збор за 18-годишно момче, високо 190 сантиметри, кое изминативе две ипол години настапуваше во Шпанија, а кое пред три години, со својот голем талент, го привлече вниманието на скаути од екипи како Анадолу Ефес, Олимпија Цедевита и Црвена звезда. Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, но не доби шанса да биде меѓу играчите кои беа повикани на подготовки..

Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига, но во дресот на втор тим на аеродромци кој се натпреварува по името МЗТ Скопје Уни Банка. Како што велат од „Јане Сандански“, новиот тренер Борче Даскаловски од него очекува да се наметне како еден од лидерите на овој млад и екстра талентиран состав, чиј просек на играчите е околу 18 години.