МЗТ Скопје пак добива шанса да игра против Ц. Звезда, Цедевита Олимпија, Морнар...

Кошаркарите на МЗТ Скопје родени 2001 година и помлади добија покана да настапат на веќе традиционалното јуниорско првенство на АБА кое се игра според турнирски систем и тоа како единствен тим од второлигашката јадранска конкуренција.

Талентите од Аеродром ќе се појават на квалификацискиот турнир во Задар (28 ноември-1 декември) заедно со Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Морнар, Копер Приморска и екипата на домаќинот. Најдобрите два тима ќе обезбедат пласман на финалниот турнир, кој ќе се одржи следната година, заедно со уште две екипи кои ќе бидат најдобри на собирот во Белград. Таму, силите ќе ги одмерат талентите на Партизан, Мега, Игокеа, Крка, Цибона и на Будуќност.

МЗТ Скопје ќе се појави со тим кој минатата сезона беше шампион на Македонија во У18-лигата, а составен од кошаркари кои сега настапуваат за вториот тим на аеродромци кој под името МЗТ Скопје УНИ Банка се натпреварува во Првата лига. Предводник на овој состав е Горан Крстевски.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК (28 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Морнар (18 часот)

ПЕТОК (29 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Задар (11.45 часот)

МЗТ Скопје Аеродром – Ц. Звезда (20.15 часот)

САБОТА (30 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Олимпија (11.45 часот)

НЕДЕЛА (1 декември)

МЗТ Скопје Аеродром – Копер Приморска (11.45 часот)