МЗТ Скопје без четворица подобар во контролата со Гостивар!

Екипата на МЗТ Скопје успешно ги почна подготовките за новата сезона, откако во првиот контролен меч на домашен терен триумфираше против тимот на Гостивар со 87-77.

Екипата од Аеродром во мечот влезе без четворица кошаркари, па Гостивар беше подобар ривал на паркетот на старотот и ја доби првата четвртина со 24-18. Гостинскиот тим продолжи со добрата игра и во втората четвртина, па на полувреме замина со водство од 49-42.

Во второто полувреме МЗТ Скопје го засили темпото, па набрзо прави пресврт и доаѓа до предност од 66-61 во третата четвртина, а до крајот на мечот ја одржуваше разликата и славеше со 87-77.

Најдобар во редовите на МЗТ Скопје беше Андрија Бојиќ со 33 поени, по што следеа Хасани Гравет со 17 и Бојан Крстевски со 12 поени, додека кај Гостивар најефикасен беше Мозли Стаки со 23 поени.

Мечот поради повреда го пропуштија Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Феми Олуџоби и Адем Мекиќ.