Млад македонски кошаркар загина во сообраќајна несреќа!

Тажна вест ни доаѓа од Гевгелија откако во сообраќајна несреќа денеска животот го загуби младиот македонски кошаркар Иван Пенов, кој беше член на КК Кожув.

Возилото „Опел Мерива“ во кое бил 18-годишниот кошаркар излетало од патот на патниот правец Стар Дојран – Нов Дојран, при што животот го загубил младиот играч, а уште две лица се тешко повредени.

„Кога ја слушнавме несреќната вест која го потресе градот останавме во неверување. Еден од нашите млади надежи не напушти без последен поздрав. Како вчера да беше последното кој е најдобар!?!?КОЖУВ!!! Почивај во мир златно дете никогаш нема да бидеш заборавен вечно ќе се споменува твоето име... Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и неговите најблиски. ПОЧИВАЈ ВО МИР ПЕНА“, напишаа Фантоми Север.

Кога ја слушнавме несреќната вест која го потресе градот останавме во неверување. Еден од нашите млади надежи не...

Posted by Фантоми Север on Saturday, February 20, 2021