МКФ „удри“ по Работнички поради - однесувањето на неговите навивачи!

Поради неспортското и навредливо навивање на неодамнешниот натпревар против Блокотехна на домашен терен, управата на Работнички ќе мора да плати казна во износ од 20.000 денари.

Навредите од трибините биле упатени кон судиската тројка, што ревносно било забележано од делегатот, а казнето од комесарот за натпреварување. Поради трета техничка грешка на клупата, АВ Охрид ќе треба да плати 16.000 денари. Тука некаде е и санкцијата за МЗТ Скопје, кој поради техничката грешка на тренерот Александар Тодоров како и истата санкција на клупата поради неспортско однесување на Бојан Трајковски, ќе треба на сметката на МКФ да уплати 12.000 денари.

Санкција има и за Карпош Соколи, кој поради техничката грешка на тренерот Ангел Тасевски ќе мора да плати 8.000 денари.