Машинеријата на Работнички го прегази Кожув

Работнички ја продолжи победничката серија, откако денеска успеа да го совлада Кожув со убедливи 88-56.

Кожув до средината на првата четвртина успешно му се спротистави на Работнички, па последно водсто имаа при 12-11, по што почна одличната серија на Работнички, кој стигна набрзо до 21-14.

Во втората четвртина доминираа повторно кошаркарите на Работнички, па зголемија на 44-23 на полувреме.

Ниту во продолжение од мечот Кожув не успеа да им се спротистави на своите ривали, кои стигнаа во еден момент од третата четвртина до 59-30. Работнички го диктираше темпото до крајот на натпреварот, па славеше со 88-56.

Најдобар во редовите на Работнички беше Бобан Стајиќ со 18 постигнати поени, а кај Кожув најефикасен беше Еван Пејн со 17 поени.