Македонија ќе игра за пласман на ЕП 2021 во Германија, Италија, Чешка и Грузија!

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска ги објави имињата на државите во кои ќе се одржи Европското првенство (ЕП) во 2021 година меѓу кои се Германија, како домаќин на прелиминарна група во Келн и на завршната фаза во Берлин, Чешка (Прага), Италија (Милано) и за првпат во историјата Грузија (Тбилиси).

Ова е само продолжување на праксата на организација на континенталниот собир во четири различни земји, која почна во 2015 година кога Македонија последен пат учествуваше на едно големо натпреварување и тоа во група во Загреб. Жолто-црвените ќе учествуваат во квалификациите и за ова ЕП, откако по неколкугодишно товорење на европското дно се вратија меѓу најдобрите 32 селекции. Пласман ќе обезбедат најдобрите 24 репрезентации, а ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи во термин кој дополнително ќе биде одреден.

Во игра за организатор на следниот европски собир беа и Естонија, Словенија и Унгарија, кои, сепак, не добија шанса да бидат меѓу организаторите.