Македонскиот кошаркарски Куп почна со сензационална победа на Академија ФМП од 100-98 против Пелистер и така осмопласираниот тим во регуларниот дел од сезоната му ги помати сметките на најдобриот тим досега.

Академија ФМП го имаше водството на мечот од самиот почеток, а Пелистер успеваше да ја одржи негативата за ривалот од неколку поени. Стефан Крстајиќ влезе во мини-серија на четири минути пред крајот, па го однесе својот тим на +6 (17-11), но сепак Малешевиќ возврати на спротивната страна и на четири минути пред крајот на првата четвртина намали на 21-25.

Пелистер до пресврт стигна на две минути пред паузата меѓу двете полувремиња, кога поведе со 48-47, а потоа врза уште неколку поени по ред за предност од 57-53 на полувреме.

Голема битка се водеше на паркетот и во вториот дел, при што во третата четвртина беа забележани неколку пресврти од двете екипи, но сепак Академија ФМП влезе во последните 10 минути со водство од 80-77.

Битолскиот тим го почна последниот дел од мечот со шест поени на Кесар, кој го врати Пелистер во водство од 83-80, но набрзо ФМП ја врати предноста (86-85) благодарение на тројката на Стојановски. Борбата продолжи и во последните секунди од натпреварот, но таму повеќе нерви имаа кошаркарите на Академија ФМП, кои триумфираа со 100-98.

Игор Кесар беше најефикасен во редовите на Пелистер со 31 поен и два скокови, додека Крстајиќ постигна 29 поени, еден скок и четири асистенции за Академија ФМП.