Куманово тргна во акција: За еден ден договори тројца кошаркари

Кошаркарскиот клуб Куманово се засили со три нови имиња во ростерот за претстојната сезона. 

Имено,  Марјан Јанески се враќа назад во Куманово по кратката авантура во Работнички, а заедно со него дресот на „сино-белите“ ќе го носат и Горјан Марковски и Оливер Двојаковски. Марковски доаѓа во Куманово од редовите на Фени Индустри, додека Двојаковскиа минатата сезона ги бранеше боите на АВ Охрид. 
 
Од преостанатите кошаркари, во клубот останаа Лука Петровски, Миодраг Тодоровиќ, Филип Стојановски, Дамјан Миса и Мартин Ѓорѓевски. Тимот ќе се стави на располагање на тренерот Александар Петровиќ на 21 август, со што официјално ќе започнат подготовките за престојната сезона.