Кожув по пет меча конечно победи во Првата лига

Кошаркарите на Кожув, конечно, по пет одиграни натпревари успеаа да ја запишат првата победа во првенството, откако беа подобри од Црн Дрим Грин мобил со 76-58.

Домаќините имаа предност на самиот старт на натпреварот од 8-0, но гостите од Гевгелија се вратија во игра и направија пресврт (21-16).

Црн Дрим одигра добро и во втората четвртина од дуелот, но Кожув во третата четвртина немаше милост за нивниот ривал и стигна до 59-44, по што нивната предност продолжи да расте до 76-58.

Караџовски беше најдобар на паркетот и постигна 25 поени.