Кочов: Штета што не победивме, но ова е само почеток на сезоната!

Големо беше разочарувањето на лицето на Ѓорѓи Кочов по поразот на неговиот МЗТ Скопје во вечерашната пресметка на домашен терен од Работнички, пред сѐ од фактот што неговите избраници не се придржуваа до договореното во клучните моменти.

„Не смеевме на ваков начин да влеземе во натпреварот. Работнички одигра комбинирана одбрана за да не забават во што делумно и успеа, а згора на тоа немавме контранапад. Во клучните моменти на крајот се договоривме да преземаме и да правиме фаули со оглед што не бевме во бонус, но го оставивме Мираковски сам да шутира што беше катастрофа. Дерби како дерби, сакавме да го победиме, но не успеавме. Ова е само старт на сезона, ќе ја држиме главата горе и ќе ги чекаме наредните предизвици“, изјави Кочов.