Клубовите се мајтапеа со Пеце, за сѐ му одеа контра освен за – промената на името на МКФ!

Анимозитетот кој владеа меѓу поголемиот број од членките на Собранието на МКФ и Петар Наумоски најдобро се виде на денешниот собир на кој треба да се избере нов прв човек на Куќата на кошарката, а на кој тие буквално за сѐ беа контра сѐ уште предводникот на макбаскетот.

Поради тоа, откако не успеаја да го променат дневниот ред па изборот на нов претседател да го „искачат“ на врвот од листата, а не на дното, клубовите решија да го бојкотираат Пеце. Тие беа воздржани речиси за сите точки, како усвојување на записникот од претходното Собрание, потврдата на разните одлуки на Комитетот за итност, а не го усвоија неговиот финансиски извештај за 2018 година.

Единствена работа за која кренаа зелени картончиња беше промената на името во Кошаркарска федерација на С. Македонија (КФСМ).