Кошаркарите на Еуро Никел не попуштаат во битката за самиот врв, откако по релативно лесната победа како гости против Академија ФМП (68-59) со идентичен скор 9-4 му се приклучија на Кожув како привремени лидери на табелата во Првата лига.

И на овој меч, како и на гостувањето на гевгеличани против талентите на МЗТ Скопје, неизвесност имаше само во првата четвртина, по што поквалитетниот гостински тим почна да обезбедува предност, која на крајот му донесе сигурен триумф. Дебитантот од Кисела Вода и покрај поразот уште еднаш покажа дека заслужени игра во елитата и дека има сили во најмала рака да обезбеди опстанок.

Ѓорѓе Каплановиќ беше најдобриот поединец кај Еуро Никел со 23 поени и пет скока, додека Ноа Блантон со 13 поени беше прво име кај „академците“.

Претходно, Кожув со 101-78 го совлада МЗТ Скопје УНИ Банка, додека вечерва играат уште и Куманово и МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички како и Гостивар и Вардар.