КФМ му одговори на МЗТ: Барањето за враќање на парите ви е – неосновано!

Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) експресно му одговорија на МЗТ Скопје, кој вчера испрати допис до Куќата на кошарката со барање на враќање на сите уплатени пари во текот на сезоната 2019/20, која беше прекината и принудно заврши без шампион, потенцирајќи дека сметаат дека тоа е – неосновано.

Првиот човек на макбаскетот, Перо Антиќ, кој е потпишан на одговорот, смета дека барањето на „металците“ е конфузно и нејасно. Тој потенцира дека првенството не било поништено, како што тврдат аеродромци, туку прекинато со валиден пласман според кој Агенцијата за млади и спорт (АМС) ќе ги определи спортските ваучери за следната година. Луѓето од КФМ на крајот велат дека не можат да го спречат МЗТ Скопје во тоа дали ќе поднесе кривична пријава, но истовремено се закануваат со контра-удар.

Одговорот на Антиќ ви го презентираме во целост.