Историја: Жена-судија првпат делеше правда на меч од Првата лига за мажи (ФОТО)

Бисера Јакова ќе остане запишана во историјата на македонската кошарка, откако денеска стана првата жена-судија која ја делела правдата на еден меч од Првата лига во машка конкуренција.

Чест да бидат дел од нејзиното деби имаа кошаркарите на Шкупи и на Гостивар, средбата која заврши со ептен убедлива победа на гостинската екипа (125-68). Јакова беше дел од судиското трио во кое беа уште и Владо Цветковски и Зоран Митровски.

За неа ова е седма сезона во македонската кошарка, а наскоро може да стане и прва жена-судија со знакот на ФИБА, со оглед што веќе е пријавена меѓу кандидатите за добивање на знакот на светската федерација.