Илиевски: Решија скоковите на МЗТ и квалитетот на Крафорд!

Тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски, проба да ги најде причините за поразот на вечерашниот меч прптив МЗТ Скопје, кој ги спречи да се палсираат во финалето од Купот на Македонија.

Очекувано, подобриот скок на противникот и одличната игра на Џордон крафорд беа на врв на листата на стратегот на гевгеличани.

„Ние во првата четвртина и во половина од вториот период го имавме ритамот на натпреварот и водевме со 12 поени разлика. Потоа, на наши грешки, Трајковски и Лалиќ нѐ казнија па влеговме во изедначен натпревар. Бевме конкурентни тресетина минути, но свесни сме дека не може да победиме меч со шутеви за три поени. МЗТ имаше повеќе офанзивни скокови и воедно 17 скока повеќе од нас. Што се однесува до Крофорд, во првите две четвртини успеавме да го изолираме од играта со два поени. Тој е играч со одлични индивидуални квалитети, еден од двигателите на играта на МЗТ и не нѐ изненади, туку одигра како што знае“, изјави Илиевски.