И покрај заканите, клубот чиј претседател е Перо Антиќ - нема да истапи од Суперлигата!

Нецел ден откако се заканија со повлекување од кошаркарската Прва лига, КК Гостивар се пишмани, па синоќа после полноќ преку соопштение објави дека ќе ги продолжи настапите во македонската кошаркарска елита и дека клубот ќе продолжи да се бори против сите неприродни сили.

Гостивар, чиј претседател е македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ (трикратен европски првак и единствен македонски НБА-играч) бурно реагираше по судиските неправди и елиминацијата во полуфиналето во Купот на Македонија, кој викендов се играше во Гостивар. Гостиварци обвинуваа за заткулисни игри од Макеоднската кошаркарска федерација (МКФ), но решија да останат да се борат најмногу поради инвестираните пари и обврските кон верната публика.

Целото соопштение ви го преснесуваме во целост.

„На состанок на Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Гостивар, кој вонредно заседаваше после случувањата и елиминацијата на КК Гостивар од куп натпреварувањето, на кој единствена точка на дневен ред беше понатамошното учество во Супер лигата се донесе следниот заклучок:

Земајќи ги во предвид до сега вложениот труд, напори, финанси, љубовта на градот кон спортот, обврските кон верната публика која е нашата сила, КК Гостивар ќе продолжи да се бори против сите неприродни сили кои се појавуваат во кошарката и спортот. Гостивар ќе има кошарка!

Иако, наспроти наведеното од другата страна имаме Федерација каква што имаме, иако на националниот куп судиите се делегираат во Мрзенци, иако арбитражата на тие судии ја виде целата јавност само не тие што треба, иако делегатот по своја или туѓа волја немаше никава забелешка за играњето фудбал, во нити еден момент во таа тензична атмосфера каде се промовира фер плеј не се прегледа нити една спорна ситуација на која им се сугерираше, иако денеска во Струмица беа нападнати М14 младинците на КК Гостивар, од страна на делегираниот делегат на МКФ, иако во нормалниот свет после вакви скандали има оставки и суспензии.

Сето ова во интерес на кошарката ќе биде предочено на ФИБА.

Благодарност до сите, кои не поддржаа после натпреварот во Гевгелија“, се вели во соопштението на КК Гостивар.