И кошаркар на Гостивар меѓу загинатите во страотната несреќа кај Карпалак!

Кошаркарот на второлигашката екипа на Гостивар, Јовица Трпевски (25 год.), е меѓу 14-те загинати во страотната несреќа која се случи синоќа на патот Скопје-Тетово, кога во превртен автобус загинаа 14 лица, а повеќе од 30 се повредени, поради што управата на гостиварскиот прволигаш побара одложување на претстојната завршница на Купот на Македонија, која требаше да почне утре во Гевгелија.

Луѓето од клубот се шокирани од трагичната вест за загинувањето на нивниот член, но и на останатите нивни сограѓани, поради што се надеваат на МКФ ќе најде друг термин во кој ќе се одигра ова натпреварување.

„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, се вели во соопштението на Гостивар.

Дополнителна причина за одложување барем на утрешниот прв ден од куп-завршницата е и фактот што и четврток и петок се прогласени за ден на жалост.