Гостивар рутински ги совлада штркчињата од Аеродром!

Кошаркарите на Гостивар забележаа уште една лесна победа во домашното првенство, откако пред своја публика славеа над МЗТ Скопје УНИ Банка со 89-69.

Штркчињата од Аеродром ја одиграа одлично првата четвртина која ја добија со 25-21, но потоа домаќините покажаа кој е фаворит за победата. Вториот период Гостиварци го добија со 20-11, а до крајот на мечот само ја зголемуваа предноста која на крајот изнесуваше плус 20.

Убедливо најефикасен во победничкиот тим беше Ѓорѓе Џелетовиќ со 30 поени, додека на спротивната страна уште една одлична партија прикажа Ранко Мамузиќ постигнувајќо 21 поен.