Гостивар не се шегува – пред Купот се засили со Американец од Балкан!

Еден од најамбициозните екипи во домашното првенство, тимот на Гостивар, го засили ростерот за вториот дел од сезоната со ангажирањето на американскиот интернационалец Тенксли Ефианаји (24 години).

Станува збор за кошаркар кој игра на позициите „два“ и “три“ и кој доаѓа од таборот на бугарски Балкан, каде што во првенството во 12 натпревари имаше просек од 8,9 поени и 2,9 скока додека во ФИБА Еврокупот во 10 меча просечно реализираше по 8,8 поени со 2,5 скока и 2,1 асистенција. Пред да дојде во Ботевград, Ефианаји играл во украинска Одеса. Во САД, пак, настапувал за универзитетите Централна Флорида и Дејтон колеџот.

Гостивар во моментов е четвртопласиран на табелата и има сериозни амбиции да се вмеша во борбата за место во полуфиналето како во куп-завршницата така и во плејофот.