Голем удар за Работнички: Мираковски посериозно се повреди! (ФОТО)

Кошаркарите на Работнички ќе имаа голем проблем во второто полувреме од вечерашното прв финален плејоф-меч со МЗТ Скопје, откако во финишот од втората четвртина посериозно се повреди нивниот можеби најдобар поединец, Димитар Мираковски.

Ветеранот одигра одлично во првите 20 минути, но при постигнувањето на деветтиот поен го истегна мускулот на десната нога и остана да лежи на паркетот. Болната гримаса на лицето и фактот што беше изнесен на рацете на соиграчите се показателите дека станува збор за сериозен проблем, а колку Мираковски ќе треба да отсуствува ќе покажат утрешните детални прегледи.

Првото полувреме мина во изедначена играта на дата тима за што најмногу говори и резултатот - 42-42.