Голем удар за првакот: Работнички без Мираковски до крајот на финалето!

Неверојатно високиот пораз во првиот финален меч против МЗТ Скопје не е и најтешката работа која му се случи на Работнички денеска, со оглед што во третиот период се повреди искусниот Димитар Мираковски, кој иако е меѓу највозрасните, сепак, е моторот кој ја движи играта на центарци.

Исто како и лани, тој најверојатно ќе го пропушти останатиот дел од финалната серија. Ветеранот ја повреди препоната, долго време лежеше на паркетот и според проценките на тренерот Марин Докузовски за него финалето е веќе завршено.