Финале со ретко видена драма: МЗТ е нов јуниорски шампион на Македонија! (ВИДЕО)

Јуниорскиот тим на МЗТ Скопје се закити со златниот медал во М18-првенството на Македонија, откако доцна синоќа, по голема борба, огромна драма и едно продолжение, во големото финале, кое се одржа во „Градски парк“, го совлада тимот на Партизан Мулти шпед (83-82).

Тоа беше меч со многу пресврти. Прво црно-белите поведоа со 13 поени разлика, па потоа аеродромци имаа и плус девет, за на крај сино-белите со серија 14-3 да дојдат до 68-68 во регуларниот дел од мечот со прецизно изведените слободни фрлања на Љубиша Димитровски. Во екстра периодот, Партизан повторно дојде до голема предност со пет поени, но тогаш на сцена стапи големиот талент на МЗТ Скопје, Виктор Исајловски (17 години), кој со две тројки во последната минута, од кои втората беше на 2,2 секунди до крајот, го реши победникот на овој меч.

 

 

Исајловски, кој веќе е дел и од првиот тим на екипата од Аеродром, средбата ја заврши со 24 поени и 11 скока.